Дома Фудбал Динамо без Адеми против Севиља

Динамо без Адеми против Севиља

Динамо Загреб во Лигата на Европа против Севиља ќе биде без македонскиот репрезентативец Аријан Адеми.

Адеми заработи повреда на мускулот и ќе го пропушти овој важен натпревар. Се уште не е познато од каков карактер е повредата на Адеми и дали е нешто сериозно. Според најавите од Динамо детални информации ќе има до крајот на оваа недела.

Македонскиот репрезентативец се повреди на првенствениот натпревар против Локомитва во хрватското првенство. Адеми влезе на почетокот на второто полувреме, а мораше да биде заменет после 12 минути поминати на теренот.

За Адеми ова е трета повреда сезонава. Прво се повреди во јули, па во настапот за Македонија против Германија во март.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Брезовски го понесе знамето во Дакар, Македонија ќе настапи во три спорта

Марио Брезовски, Ева Митевска и Петар Цеков се македонските претставници на Младинските ол…