Дома Топ вести Ди Марија спремен да му се одмазди на Реал: Со Нејмар често зборуваме за Меси

Ди Марија спремен да му се одмазди на Реал: Со Нејмар често зборуваме за Меси

di maria

Aргентинскиот репрезентативец, Анхел Ди Марија според неговата последна изјава би сакал да заигра за тимот на Барселона.

Ди Марија веќе три години го носи дресот на ПСЖ и на 123 настапи постигна 50 погодоци во сите натпреварувања, но наводно е спремен да направи нов чекор во својата кариера и да го облече дресот на Барселона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако претходно настапуваше за Реал Мадрид, одличниот крилен играч нема ништо против тоа да го облече дресот на лутиот ривал од Каталонија.

Договорот на Ди Марија со Пари Сен Жермен има важност уште само една година, па доколку фудбалерот нема намера да го продолжи лесно би можел да замине ова лето.

„Сакам да ја гледам Барселона, играат навистина одлично. Тоа го знаев и кога играв за Реал Мадрид, играат навистина преубаво. Нејмар и јас често пати знаеме на тренинзите да зборуваме за Меси. Нејмар многу го почитува и му е благодарен за се што научил од него“, изјави Ди Марија кој често пати се поврзува со Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Андре Виљаш-Боаш стана претседател – симна од тронот човек кој владееше 42 години!

Екипата на Порто во саботата доцна навечер доби нов претседател и тоа ќе биде Андре Вилаш …