По средбата во Франција во ЕХФ лигата на шампионите и триумфот над Монпелје од 28-25, екипата на Вардар1961 отпатува за Хрватска. Утре треба да го игра натпреварот од СЕХА-Газпром лигата против Нексе во Нашице.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
“Очекувам да биде тежок меч во Нашице. Игравме пред два дена со Монпелје во Лига на шампионите и имаме долг пат за да стигнеме од Франција до Нашице. Секако ни треба малку време и за одмор. Игравме тежок меч и емоционален и со притисок. Морам прво да видам која ќе биде најдобрата ротација на играчи. Игравме против Нексе веќе во Скопје. Но, тие имаа доволно време за одмор и подготвовка. Ќе видам како ќе функционира екипата“, изјави тренерот Дејвис.




Натпреварот се игра со почеток од 20:00 часот.
Фото: Денис Дуковски / РК Вардар1961