Најдобриот македонски таеквондист Дејан Георгиевски учествуваше на светскиот турнир „Софија Опен“ кој е дел од серијата „Г2“.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
На овој турнир Георгиевски го освои сребрениот медал. Георгиевски на турнирот влезе како прв носител меѓутоа доживеа пораз од Шпанецот Гарсија Мартинез кој го победи со 12:7.




До поразот во финалето Георгиевски победи на две бори. Прво го доби Михајло Радаковиќ од Србија со 19:5, а потоа запиша уште една убедлива победа со Касадо од Шпанија (14-4).