Дома Трансфер зона Дефанзивецот на Тотенхем на чекор од „Олд Трафорд“

Дефанзивецот на Тотенхем на чекор од „Олд Трафорд“

Иднината на дефанзивецот на Тотенхем Тоби Алдервајлед е една од главните теми на Островот, а како што стојат работите Белгиецот кариерата ќе ја продолжи на „Олд Трафорд“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Белгискиот репрезентативец веќе неколку пати одби да го продолжи договорот со Тотенхем, бидејќи има високи финансиски барања.

Поради тоа, Тотенхем ќе се одлучи да го продаде по завршувањето на сезоната, бидејќи следното лето Алдервајлед може да замине како слободен агент.

Најсериозен кандидат за неговиот потпис е Манчестер Јунајтед, бидејќи приоритет на Мурињо следното лето ќе биде доведување на еден врвен дефанзивец.

Манчестер Јунајтед наводно веќе стапил во контакт со неговиот агент, а трансферот би требало да изнесува помеѓу 30 и 40 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…