Дома Трансфер зона Дефанзивецот на Реал Мадрид на чекор од Челзи

Дефанзивецот на Реал Мадрид на чекор од Челзи

Англискиот шампион Челзи е на добар пат да ја засили дефанзивната линија со играч од Реал Мадрид, пренесуваат англиските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, десниот бек на „кралевите“, Данило веќе постигна договор со „сините“ и од следната сезона ќе настапува на „Стенфорд Бриџ“, пренесе добро информираниот „АС“.

Бразилецот никогаш не ги оправда во целост парите кои ги платија „кралевите“ за него и не може да се избори за голема минутажа покрај Дани Карвахал.

Поради тоа сака да ја промени средината, а тренерот на Челзи Антонио Конте смета дека би бил идеално засилување за неговата фирмација, па е спремен да плати 25 милиони евра за неговиот потпис.

Играчот веќе постигнал комплетен договор со англискиот шампион, а Реал нема да се противи на неговото заминување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…