Одбранбениот фудбалер на Брајтон, Бен Вајт се наоѓа на мета на неколку англиски гиганти.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, според пишувањето на островските медиуми, Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Челзи сакаат да го доведат овој 23 годишен фудбалер.
Официјални понуди на адреса на неговиот клуб се уште нема, но не е исклучено преговорите за трансфер на Вајт во некој од трите англиски гиганти да започнат во наредните денови.
Вајт оваа сезона прикажува добри настапи, одигра 10 натпревари, а освен за Брајтон во досегашната кариера настапуваше за Лидс и Петебороу.