Дома Трансфер зона Депај се враќа во Премиер лигата

Депај се враќа во Премиер лигата

Мемфис Депај на лето готово сигурно ќе ја напушти Барселона, а најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата.

Депај минатото лето се пресели на „Камп Ноу“ како слободен играч и добро ја започна сезоната, меѓутоа Чави не е симпатизер на неговата игра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пристигна Обамејанг, клубот е во потрага по нов напаѓач, па му ја отвори излезната врата на Депај.

Таквата ситуација сакаат да ја искористат англиските клубови и најсилен интерес покажуваат Арсенал, Њукасл и Евертон.

Трите клуба ја започнале битката за неговиот потпис и веќе стапиле во контакт со неговиот агент.

Депај е отворен за враќањето во Премиер лигата, каде пред неколку години имаше неуспешна епизода во Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…