Дома Трансфер зона Депај: Мојот дедо веруваше дека ќе заиграм за Барселона

Депај: Мојот дедо веруваше дека ќе заиграм за Барселона

Холанѓанецот Мемфис Депај беше промовиран во нов фудбалер на Барселона.

Депај во Каталонија пристигна без оштета затоа што претходно му истече договорот со Лион каде што играше четири ипол години. Со Барселона потпиша договор до летото 2023 година.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Чест ми е што сум тука. Уште како мал сонував за вакво нешто. Сакам да се заблагодарам на претседателот, членовите на одборот и мојот тим што ми овозможија да бидам тука. Во детството мојот дедо ми поклони дрес од Барселона и веруваше дека еден ќе заиграм за нив. Сега тој сон се оствари“, истакна 27 годишниот фудбалер.

Депај е четврто засилување за тимот на Роналд Куман. Претходно пристигнаа Ерик Гарсија, Серхио Агуеро и Емерсон Ројал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ричарлисон: Психолог ми ја спаси кариерата

Бразилскиот напаѓач Ричарлисон откри дека имал психолошки проблеми и дека во еден момент с…