Дома Тенис Дел Потро се откажа од финалниот турнир во Лондон

Дел Потро се откажа од финалниот турнир во Лондон

Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро го откажа учеството на финалниот АТП турнир, кој започнува на крајот од следната недела во Лондон.

Дел Потро се повлече од натпреварот од третото коло од серијата Мастерс во Шангај против Хрватот Борна Чориќ поради повреда. Тогаш му беше дијагностицирана пукнатина на бутниот мускул на десната нога.

По консултација со лекарите, Аргентинецот одлучи дека е подобро да го пропушти АТП турнирот во Лондон.

Местото на Дел Потро ќе го добие Марин Чилиќ, а за последните две места ќе се борат Доминик Тим, Нишикори, Борна Чориќ и Џон Иснер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Од светскиот тениски врв до помош од пријателите: Тешките денови на Санчез Викарио

Аранча Санчез Викарио заработила околу 17 милиони евра во кариерата, но денес вели дека за…