Дома Трансфер зона Деко на располагање има 118 милиони евра: Барселона пред ангажман на одличен тандем

Деко на располагање има 118 милиони евра: Барселона пред ангажман на одличен тандем

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта сака летово да ги доведе Никo Вилијамс и Дани Олмо.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


За Вилијамс од поодамна е познато дека е во преговори со Барселона, а слични информации за договорени лични услови се појавуваат со денови, како и дека каталонскиот клуб бара начин да ја плати клаузулата од 58 милиони евра. .

Покрај тоа, и Дани Олмо сака да се врати „дома“, бидејќи порасна во Барса, во меѓувреме стана ѕвезда и верува дека сега е вистинското време за враќање.

Сепак, проблемот е што неговата откупна клаузула од 60 милиони евра истекува на 20-ти јули и Барселона не може да ја активира до викендот.

Одредени извори веруваат дека Лајпциг малку подоцна ќе прифати идентична понуда, иако не се обврзани, пред се затоа што се во добри односи со Олмо и знаат дека негова желба е да игра за Барселона.

Така Лапорта на Деко му оставил на располагање сума од 118 милиони евра за формирање на супер тандем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…