Дома Останати Кошарка Деби сезоната за Јакимовски во САД е успешна: Донесов вистинска одлука, пресреќен што ја прифатив понудата

Деби сезоната за Јакимовски во САД е успешна: Донесов вистинска одлука, пресреќен што ја прифатив понудата

Првата сезона на македонскиот кошаркар Андреј Јакимовски во НЦАА може да се оцени како успешна.

Таков став имаат и медиумите кои ја следат оваа лига.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Дебитантот ги воодушеви навивачите на Кугарс, им приреди големи возбудувања, а неговата колеџ-кариера е се уште на почетокот. Откако постигна шест поени на првите три настапи, тогаш вистински почна неговата кариера во НЦАА. На следните осум натпревари просечно постигнуваше по десет поени со шут од 40% за тројка, во тој период стигна и до личниот рекорд од 19 поени, на мечот против Стенфорд“,се вели во воведот од текстот на универзитетскиот портал dailyevergreen.com за нашиот кошаркар.

И Јакимовски е задоволен од неговата дебитантска сезона, како и од односот на луѓето надвор од паркетот.

„Овде сите играчи се одлично физички подготвени и брзи, во Европа кошарката е повеќе тимски спорт. Пред натпреварите повеќе се грижев за мојата ментална подготовка, отколку за останатото. Овде, во Пулман, ја чувствувам енергијата кај љубителите на кошарката. Често, по натпреварите, кога се движам по улиците, ме среќаваат луѓе и викаат ‘Напред Кугс’. Тоа е прекрасно. Мислам дека донесов вистинска одлука со тоа што ја прифатив понудата од ВСУ. Пресреќен сум што избрав да дојдам тука и да играм за тренерот Смит“, изјави Јакимовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Каменуван автобусот на „Чкембари“ – има и повредени! 🎥

По денешниот натпревар помеѓу Пелистер и МЗТ Скопје дошло до инцидент во кој бил каменуван…