Дома Фудбал Деби за Кутињо во дресот на Каталонците: Меси и Суарез одработија за полуфинале (ВИДЕО)

Деби за Кутињо во дресот на Каталонците: Меси и Суарез одработија за полуфинале (ВИДЕО)

Три недели откако од Ливерпул премина во Барселона за 160 милиони евра, Филипе Кутињо дебитираше на „Камп Ноу“.

Првиот настап го запиша влегувајќи од клупата против Еспањол, за кој некогаш настапуваше. Во 68. минута на теренот го замени Андрес Иниеста.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во градското дерби, Барселона обезбеди пласман во полуфиналето од Купот на Кралевите, откако првиот меч го загуби со 1:0.

Овој пат Каталонците се наметнаа уште од самиот старт, па така најпрво Суарез беше превизен во 9. минута, а потоа и Меси упати одличен удар за 2:0 кои на крајот беа доволни за минување во следната претпоследна фаза во рамки на Купот на Кралевите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На натпреварот помеѓу Интер и Торино во Серија А се испиша историја

На денешниот натпревар помеѓу Интер и Торино кој започна со почеток во 12:30 часот беше ис…