Фудбалерките на Македонија до 17 години катастрофално ги започнаа квалификациите за Европското првенство кое ќе се одржи во летото кое следи.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Денес на турнирот во Лисабон, младите македонски фудбалерки беа поразени со 13:0 од Германија. Уште во третата минута, се држаеа нашите девојчиња до 29-тата минута кога примија втор гол, додека до крајот на полувремето веќе беше 5:0 за фаворитот.
Продолжија Германките безмислосно да ја полнат нашата мрежа, па во вториот дел примивме уште седум гола за конечни 13:0.
За три дена на турнирот Македонија ќе игра со Португалија, а турнирот го завршуваме против Унгарија на 29-ти март.
СОСТАВОТ НА МАКЕДОНИЈА ЗА ОВОЈ ТУРНИР:
Голмани: Ведрана Комненова, Мери Васева;
Одбрана: Слаѓана Ѓорѓиева, Ива Јованоска, Мина Коваческа, Елена Љондевска, Михаела Марковска, Мила Панева, Катерина Петкова;
Среден ред: Теона Галабовска, Ива Јосифова, Рона Рустеми, Никица Трендова, Васка Василева, Ева Величкова;
Напад: Ана Борзоска, Мелиса Милица Димитриски, Анастасиа Илиевска, Настасја Накова, Јована Павловска;