Јуниорската репрезентација на Македонија доживеа вистински дебакл во натпреварот против Словенија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Кошаркарите до 18 години предводени од Јелена Антиќ за 40 минути постигнаа само 22 поени и изгубија со 66 поени разлика 88:22. Во две четвртини нашите претставнички не постигнаа ниту еден поен.
Катастрофата се најави во првата четвртина која Словенките ја добија со 34:0. До првиот кош стигнавме во втората минута од втората четвртина. Во втората и третата четвртина постигнавме по 13 (втората) и 9 (третата) поени, за последната повторно да ја завршиме без поени (30:0).
Од нашите 22 поени најефикасна беше Марија Димитријевиќ која постигна седум.