Дома Фудбал Италија Де Роси со својот потег ги воодушеви Швеѓаните после натпреварот

Де Роси со својот потег ги воодушеви Швеѓаните после натпреварот

После цели 60 години ќе се одигра Светско првенство без репрезентацијата на Италија. „Аѕурите“ беа елиминирани во баражот од Шведска, а после натпреварот од репрезентацијата се прости Даниеле де Роси.

Легендарниот играч на Рома, освен од резултатот, беше разочаран и од однесувањето на домашните навивачи кои ја исвиркаа шведската химна.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


После натпреварот Де Роси отишол до автобусот на шведската репрезентација за да им се извини.

„Се изненадивме кога го видовме во автобусот. Ни се извини во името на сите Италијанци што беше исвиркувана химната. Не можевме да веруваме што се случи. Тоа беше еден од најголемите потези кои ги доживеав. Секоја чест, уште еднаш покажа дека е господин и вистински спортист“, изјави селекторот на Шведска.

Да потсетиме, додека навивачите ја свиреа химната, Буфон аплаудираше и се срамеше од нивниот гест.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…