Дома Фудбал Италија Де Лаурентис: Среќа што не го доведов Луис Енрике, видете што прави со ПСЖ

Де Лаурентис: Среќа што не го доведов Луис Енрике, видете што прави со ПСЖ

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис е убеден дека Наполи до крајот на првенството ќе се бори за титулата.

Наполи имаше лош старт на сезоната и веќе сериозно се зборува за можна тренерска смена.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Сигурен сум дека и оваа сезона до самиот крај на првенството ќе се бориме за титулата. Ова лето бев во контакт со неколку тренери. Тијаго Мота не сакаше да дојде, а имав и неколку разговори со Луис Енрике. Му благодарам на Бога што не го донесов, погледнете што прави тој со ПСЖ“, изјави Де Лаурентис.

Тој без влакна на јазикот зборуваше и за Супер купот на Италија кој треба да се одигра во Саудиска Арабија.

„Оној што сака да се игра Супер купот со Арабија е лудак. Гледате ли што се случува во Израел? Сигурен сум дека летовите над тој регион ќе бидат забранети. И сега да одиме таму за некој да заработи неколку милиони? Ајде да играме на Олимпико!“ 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Флоријан Вирц играч на сезоната во Бундеслигата

Ѕвездата на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, е прогласен за најдобар играч во Бундес-лигата…