Дома Трансфер зона Де Геа заминува, Јунајтед купува голман од Серија А

Де Геа заминува, Јунајтед купува голман од Серија А

Давид де Геа најверојатно ќе го напушти Манчестер Јунајтед на лето, па „црвените ѓаволи“ ја почнаа потрагата по нов голман.

Актуелниот договор на Де Геа истекува на крајот на сезоната, а со оглед на фактот дека Шпанецот има 32 години, раководството се обидува да го убеди да прифати помала плата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Атлетик“ пренесува дека Де Геа ја одбил понудата која му ја доставило раководството, па Јунајтед нема намера да му достави нова и ќе му дозволи да си замине.

Прва желба за негов наследник е голманот на Интер, Андре Онана, кој игра одлична сезона во Серија А.

Интер е спремен да го продаде бидејќи има финансиски проблеми, а Онана минатото лето пристигна без обештетување, па тоа ќе биде чиста заработка за „нероаѕурите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…