Дома Фудбал Англија Де Брујн: Не жалам за Меси, кај Пеп има само план „А“ и план „А“

Де Брујн: Не жалам за Меси, кај Пеп има само план „А“ и план „А“

Фудбалерот на Манчестер Сити, Кевин Де Брујн не жали премногу што „граѓаните“ не успеаа да го доведат Лионел Меси.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Две недели се најавуваше заминување на Меси од Барселона, но Аргентинецот на крајот потврди дека останува затоа што е принуден да остане и не сака целата работа да заврши на суд.

„Ако дојдеше екако дека ќе ни помогнеше бидејќи за мене тој е најдобриот играч на сите времиња, но никогаш не размислувам „што би било кога би било“. Имаме одличен тим и глупаво би било сега да шпекулираме кој сакам да дојде“, изјави 29 годишниот Белгиец.

Де Брујн е официјално најдобриот играч во Премиер лигата за минатата сезона и веќе четири години соработува со Пеп Гвардиола.

„Неговиот поглед на фудбалот е поинаков од погледот на многу луѓе. Се држи до својата филозофија кај него постои план „А“ и план „А“, нема план Б. На многумина им е тешко тоа да го разберат. Сите ние веруваме во неговата тактика“, заклучи Де Брујн.

Сити првиот натпревар ќе го одигра на 21. септември на гости против Вулверхемптон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пожарите го одложија дебито на Левандовски за новиот клуб

Дебитантскиот настап на Роберт Левандовски за Чикаго Фајр мораше да биде одложен. Натпрева…