Дома Фудбал Англија Де Брујн кон Туре: Кога не играте барате изговори, Гвардиола не е расист

Де Брујн кон Туре: Кога не играте барате изговори, Гвардиола не е расист

de bruyne

Играчот за врска на Манчестер Сити ги прокоментира обвинувањата кои Јаја Туре ги упати на сметка на Пеп Гвардиола.

Откако го напушти Манчестер Сити, искусниот интернационалец од Брегот на Слоновата Коска жестоко го нападна Гвардиола нарекувајќи го расист, но со него не се сложува Кевин Де Брујн кој застана во одбрана на Пеп.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Би било чудно Гвардиола да е расист бидејќи во нашиот тим има повеќе играчи со темна боја на кожата. Не ми е јасно за што зборува Туре. Можеби неговите зборови се погрешно протолкувани. Кога не играте секогаш се обидувате да пронајдете изговор“.

„Уште еднаш ќе кажам, никогаш не сум видел ништо расистички во клубот. Можеби Гвардиола сметал дека Јаја не е најдобра форма, а дека одлуките на Пеп се исправни докажува и тоа што ја одигравме најдобрата сезона во историјата“, изјави Де Брујн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Куман објави список од 30 фудбалери на Холандија за Европското првенство

Селекторот на холандската фудбалска репрезентација Роналд Куман го објави списокот на фудб…