Дома Фудбал Англија Де Брујн влезе во елитното друштво асистенти во ПЛ, но се уште е далеку од Рајан Гигс

Де Брујн влезе во елитното друштво асистенти во ПЛ, но се уште е далеку од Рајан Гигс

Најдобриот фудбалер на Манчестер Сити, Кевин Де Брујн влезе во елитното друштво на асистени во Премиер лигата.

Де Брујн во овој момент е на 77 асистенции и со тоа се искачи на десеттата позиција со само три додавања помалку од легендарниот Дејвид Бекам. Милнер од Ливерпул е осми со 85, Џердард седми со 92, Давид Силва шести со 93, а Дениес Бергкамп петти со 94.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Само четворица фудбалери можат да се пофалат со над 100 асистенции во Премиер лигата. Лампард кариерата ја заврши со 102, една повеќе од него има Вејн Руни, Фабрегас е втор со 111. Сепак, далеку од сите и убедливо прв е Рајан Гигс со 162 асистенции во најсилната англиска конкуренција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Потврдено: Дејвид Мојс заминува од Вест Хем

Од редовите на Вест Хем пристигна и официјална потврда за тренерската смена на крајот од с…