Дома Трансфер зона Двата гиганти во „борба“ за играчот на Баерн – Боатенг од следната сезона во Премиер лигата?

Двата гиганти во „борба“ за играчот на Баерн – Боатенг од следната сезона во Премиер лигата?

Жером Боатенг навистина има прекрасна кариера, а во своето резиме би можел да додаде и титула во Премиер лигата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, во своите редови го сакаат двата најголеми кандидати за освојување на ова натпреварување и следната сезона, извесниот шампион Манчестер Сити и второпласираниот тим во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед. Двата тима во јануари се бореа за потпиост на еден играч, на крајот победи Јунајтед, кој во своите редови го доведе Алексис Санчез од Арсенал.

Сега Пеп и Мурињо ќе се натпреваруваат околу потписот на Жером Боатенг, кој веќе го носеше дресот на „Граѓаните“ во сезоната 2010/11, кога и го освои трофејот во ФА Купот. Како што пренесуваат англиските медиуми, овој 29-годишен фудбалер за околу 60 милиони евра би требало да го напушти Минхен.

Боатенг имаше и проблеми со повредата оваа сезона, но се врати во тимот и запиша 24 настапи за Баварците, ќе видиме дали ќе се изрази желбата за новиот предизвик во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…