Дома Македонски спорт Мак баскет Даскаловски си замина од Карпош Соколи

Даскаловски си замина од Карпош Соколи

Македонскиот вицешампион Карпош Соколи се раздели со тренерот Борче Даскаловски, откако вчера тимот загуби на домашен терен од Фени индустри.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Даскаловски самиот си поднесе оставка со образложение дека во моментов не може повеќе да му помогне на тимот.

„Оставката ја поднесов од етички причини откако клубот се најде во една тешка и независна ситуација. Јас сум професионалец и проценив дека во моментов не можам повеќе да му помогнам на тимот. Му посакувам сѐ најдобро на Карпош Соколи, со желба брзо да се консолидира и да се врати онаму каде што му е местото во македонската кошарка. Воедно, му изразувам огромна благодарност на претседателот Огнен Дедиќ за шансата што ми ја укажа“, изјави Даскаловски.

Соколи веќе утре играат меч од Еврокупот против унгарскиот Фалко Вулкано, а на клупата ќе биде досегашниот помошник на Даскаловски, Ангел Тасевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …