Дома Кошарка Дабл-дабл на Јокиќ во најтешкиот пораз за Денвер сезонава 🎥

Дабл-дабл на Јокиќ во најтешкиот пораз за Денвер сезонава 🎥

Тимот на Денвер Нагетс изминатата вечер го претрпе најтешкиот пораз сезонава во НБА лигата.

Никола Јокиќ оствари дабл-дабл од 31 поен и 11 скока, меѓутоа тоа не го спречи убедливиот пораз на гости кај Њујорк Никси од 38 разлика (84:122).

Ја немаше Јокиќ поддршката од соиграчите, па покрај него двоцифрен беше само уште Гордон и тоа со 12 постигнати поени.

Њујорк доминираше во текот на целиот, а првата четвртина ја заврши со 33:21, додека полувреме предноста изнесуваше 21 поен. Во продолжение одиграа уште посигурно и немаа проблеми да дојдат до триумфот.

Во редовите на победничкиот тим најрасположен беше Аноуби со 26 поени, Брансон со 21 и Гримс со 19 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Индијана – Филаделфија 134-122

Вашингтон – Јута 108-123

Бруклин – Минесота 94-96

Мајами – Бостон 140-143

Њујорк – Денвер 122-84

Голден Стејт – Сакраменто 133-134

ЛА Лејкерс – Чикаго 141-132

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Кој ги кочи засилувањата во Макаби? Диц возврати на обвинувањата на Гершон

Малцинскиот сопственик Ричард Диц негира дека го забавува ангажирањето нов кошаркар и тврд…