Дома Топ вести Гундоган е новото „совршено“ засилување за Барселона

Гундоган е новото „совршено“ засилување за Барселона

Барселона покажува силен интерес за капитенот на Манчестер Сити, Илкај Гундоган и веќе работи на трансферот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Гундоган влезе во последната година од договорот со Манчестер Сити и на лето ќе биде слободен агент, а неговиот агент имал средба со Барселона.

Познатиот новинар, Хави Мигел тврди дека Гундоган е „совршено засилување“ за Барселона и тоа од неколку причини. Прво затоа што може да пристигне без обештетување како слободен агент.

Второ затоа што може да игра на повеќе позиции од средниот ред и може одлично да ги замени како Бускетс, така Де Јонг, Гави и Педри.

Хави Мигел тврди дека Гундоган веќе имал телефонски разговори со Чави и е заинтересиран да се пресели на „Камп Ноу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…