Дома Фудбал Гризман објасни зошто ја бојкотирал химната на ЛШ, но никој не му верува

Гризман објасни зошто ја бојкотирал химната на ЛШ, но никој не му верува

Во вчерашниот прв натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите Атлетико Мадрид на „Ванда Метрополитано“ го победи Јувентус со 2:0 и така стекна солидна предност пред реваншот во Торино.

Меѓутоа една чудна ситуација каква што барем ние досега не сме виделе се случи пред самиот почеток на натпреварот додека се интонираше химната на Лигата на шампионите.

Додека сите играчи стоеја мирно како и што е вообичаено, Гризман се заврти со грбот и изгледаше како да не сака да ја слуша химната. Медиумите пренесоа дека многу веројатно на овој начин Французинот сака да искаже бојкот кон УЕФА.

Гризман одлучи за време на интонирањето на химната да се сврти со грбот и да ја гледа кореографијата на навивачите на Атлетико Мадрид.

Тоа беше официјалното објаснување на Французинот, меѓутоа медиумите во Шпанија не му веруваат. Тие тврдат дека со овој гест Гризман само и одговорил на УЕФА за изборот на играч на годината, во кој не беше меѓу тројцата финалисти, иако минатата година го освои Светското првенство со Франција и Лига Европа со Атлетико Мадрид.

Покрај најголемата ѕвезда на тимот, химната со големи свирежи ја испратија и навивачите на „Ванда Метрополитано“ во знак на поддршка за својот миленик.

Се очекува УЕФА да започне истрага и доколку претпоставките за бојкот се потврдат Гризман би можел да биде и казнет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Со 21 фудбалер во Трабзон: Македонија У17 тргнува по место во Лига А

Иљами Исејни избра 21 фудбалер за ноемвриските квалификации во Турција. Првата цел на Маке…