Дома Топ вести Гризман може да го убеди ПСЖ да го пушти Нејмар во Барса

Гризман може да го убеди ПСЖ да го пушти Нејмар во Барса

Раководството на Барселона е убедено дека може да се промени ставот на ПСЖ во однос на трансферот на Нејмар на „Камп Ноу“, пренесува каталонски „Спорт“.

Каталонците имаат две причини да веруваат во овој трансфер. Првата е Килијан Мбапе  кој сака да биде прва ѕвезда во тимот, па поради тоа ПСЖ е спремен да го продаде Нејмар.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Втората причина е Антоан Гризман, кого Барса е спремна да го понуди како дел од трансферот и Французинот да заврши во Париз.

Гризман минатото лето пристигна како големо засилување на „Камп Ноу“, а Барса за неговиот потпис на Атлетико му плати 120 милиони евра.

„Спорт“ тврди дека во Барселона ќе бидат задоволни ако добијат понуди од 100 милиони евра за него и се спремни да му го понудат на ПСЖ како дел од трансферот на Нејмар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн во Милан го најде наследникот на Ноер

Мајк Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голм…