Како што утрово пишува „Дејли Мејл“, Манчестер Сити подготвува нов договор за еден од своите најважни фудбалери во овој момент.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Според информациите на реномираниот англиски медиум, „граѓаните“ се спремни на Кевин Де Брујн да понудат нов огромен договор со важност од шест години и според кој тој би заработувал 260.000 фунти неделно, но тоа не е се.
Белгиецот би добил и дел од маркетиншките права на своето име. Де Брујн во Манчестер Сити пристигна за сума од 75 милиони евра од редовите на Волфсбург и со тек на времето стана еден од најдобрите асистенти во Европа.
Да потсетиме, во претходните денови потпис на нов договор во редовите на „граѓаните“ ставија, Николас Отаменди и Фернандињо.
Kevin De Bruyne is gearing up to sign a new deal at Manchester City worth more than £260,000 a week. (Source: Daily Mail) pic.twitter.com/oW0rjiLd8t
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 20, 2018