Дома Фудбал Грабежите на ѕвездите од Мадрид се дело на – албанската мафија!

Грабежите на ѕвездите од Мадрид се дело на – албанската мафија!

Неколку фудбалери на двата најголеми мадритски клуба Реал и Атлетико во последните месеци беа на мета на криминални групи и скоро секој грабеж се случи по исто сценарио – додека фудбалерите играат натпревар, разбојниците влегуваат во нивните домови.

Посебно вознемирувачки е што дел од семејството на фудбалерите кои биле мета се наоѓале во домовите за време на грабежот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сторителите изгледа конечно се откриваат, објавуваат шпанските медиуми.

Имено, според информации на порталот „eldario.es“ полицијата уапсила четири мажи (сите од албанска националност) кои биле обвинети дека учествувале во габежите.

Тројцата уапсени се во Мадрид, а четвртиот во Толедо.

При претресот на станот на четвртиот уапсен пронајден бил скапоцен накит, 10.000 евра во кеш, како и лични работи на фудбалерот на Атлетико Мадрид Томас Парти (пасош и медал за второ место во Чемпионшип).

Покрај Парти ограбени во само неколку месеци беа становите на Касемиро, Мората, Лукас Васкез, Иаго Аспас, Иско и Зинедин Зидан.

Шпанската полиција идентификувала и петти член од оваа криминална група, а според последните информации тој повеќе не е во некоја од земјите во Европската унија и по него е распишана меѓународна потерница.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Покетино за дебаклот: Срам? Тоа не е вистинскиот збор…

Фудбалерите на Челзи доживеаа вистинска шлаканица од големиот градски ривал Арсенал во вче…