Дома Трансфер зона ГОТОВО: Левандовски си избра агент – Барселона и ПСЖ во пол позиција!

ГОТОВО: Левандовски си избра агент – Барселона и ПСЖ во пол позиција!

Откако утрово беше објавено дека Роберт Левандовски ставил крај на соработката со Цезар Кухарски, сега полскиот напаѓач си го избра новиот агент.

Повторно, човекот кој прв објави дека е завршена соработката помеѓу Левандовски и Кухарски, Матеуш Борек ја однесе победата. Бидејќи токму тој стигна до Захави кој му потврди дека постигнал договор со Левандовски.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„За мене е голема чест што ќе можам да соработувам со најдобриот центарфор на денешницата“, кратко порачал Захави.

Со промената на агентот, се претпоставува дека Левандовски е спремен да сврти нов лист во својата кариера и да го напушти Баерн Минхен.

И покрај тоа што Захави е добар пријател и близок соработник на Роман Абрамович, на кого во Челзи му ги доведе Дидиер Дрогба и Петар Чех од Марсеј и Рен, се појави информација дека Захави на Левандовски би можел да му обезбеди трансфер во Барселона или Пари Сен Жермен!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…