Дома Трансфер зона Готово е: Педро се сели во Рома!

Готово е: Педро се сели во Рома!

Најпознатите спортски медиуми тврдат – веќе не е прашање дали, туку кога шпанскиот напаѓач Педро ќе се пресели во Рома како слободен играч.

Од Англија и Италија пристигнуваат информации дека работата е договорена и Педро ќе потпише договор на една година со Рома вреден 3.5 милиони евра.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наводно во договорот ќе постои клазула според која едната или другата страна под одредени услови ќе има право да активира продолжување на соработката за уште една година.

Педро сезонава не се наигра (девет натпревари во Премиер лигата) и ова е сосема логичен потег ако се погледнат околностите. Тој претходно придонесе во последната шампионска титула, еден ФА Куп и освојувањето на Лига на Европа.

Челзи за Педро плати 27 милиони евра пред пет години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед со богата понуда за Рабио

Манчестер Јунајтед спрема  понуда за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентациј…