Дома Трансфер зона ГОТОВО: Де Лихт го избра новиот клуб!

ГОТОВО: Де Лихт го избра новиот клуб!

Веќе долго време трае сагата околу младиот стопер на Ајакс, Матијас Де Лихт и неговиот избор на новиот клуб.

Де Лихт е еден од најбараните фудбалери на пазарот, а тренерот на Ајакс излезе со изјава дека младиот Холанѓанец сигурно ќе го напушти клубот и единствено не знае дали ќе заврши во Барселона или Баерн Минхен.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Премногу клубови се интересираат за него и нема шанси да остане во Ајакс. Заминува на лето, не знам само дали ќе премине во Баерн Минхен или Барселона“, гласеше изјавата на тренерот на Ајакс.

Меѓутоа вчера вечерта се појави информација дека Де Лихт донел одлука!

Судејќи според се Де Лихт ќе тргне по стапките на неговиот соиграч од Ајакс, Френки Де Јонг и ќе се пресели во редовите на Барселона.

Тој наводно веќе се договорил со Барселона за договор до 2024 година и управата на Барселона сакаат што побрзо да го завршат овој трансфер со цел да се избегне конкуренцијата од другите клубови кои сакаат да го видат Де Лихт во своите редови.

Де Лихт ќе добие петгодишен договор, а Ајакс ќе добие 60 милиони евра за 19-годишниот фудбалер кој важи за еден од најголемите таленти во Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се откажал од Дејвис – има ново решение!

Алфонсо Дејвис долго време се најавува како засилување на Реал Мадрид, меѓутоа тој трансфе…