Дома Трансфер зона Готово: Атлетико ја купи ѕвездата од Серија А

Готово: Атлетико ја купи ѕвездата од Серија А

Атлетико Мадрид ја победи конкуренцијата и го договори трансферот на ѕвездата на Удинезе, Родруго де Паул.

Аргентинскиот репрезентативец Родриго де Паул игра фантастично во Удинезе и се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во Серија А.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интерес за Аргентинецот покажуваа уште Милан и Јувентус, но Атлетико успеа да ја победи конкуренцијата.

„Скај Италија“ пренесува дека „јорганџиите“ постигнале договор со Удинезе и за потписот на Де Паул ќе платат 35 милиони евра плус бонуси.

Де Паул ќе потпише 4-годишен договор со Атлетико и годишно ќе заработува 3,5 милиони евра во Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…