Дома Фудбал Голманот на Интер го заврши натпреварот во солзи, Дамфрис не дозволи да се снима 🎥

Голманот на Интер го заврши натпреварот во солзи, Дамфрис не дозволи да се снима 🎥

Резервниот голман на Интер, Андреа Ради направи аматерска грешка против Болоња која така дојде до победата и го остави Милан на лидерската позиција на четири кола до крајот.

Романскиот чувар на мрежата аматерски реагираше после вратената топка, а тоа Сансоне го искористи и погоди за 2:1. На четири кола до крајот сега Милан има 74 бода, Интер 72 со ист број одиграни натпревари.

Разбирливо голманот беше разочаран и во солзи го заврши натпреварот. Во таа ситуација неговиот соиграч Дамфрис не дозволи камерманот да го снима, веројатно не сакаше да се создава дополнителен притисок над него како главен виновник за поразот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Со 21 фудбалер во Трабзон: Македонија У17 тргнува по место во Лига А

Иљами Исејни избра 21 фудбалер за ноемвриските квалификации во Турција. Првата цел на Маке…