Академија Пандев за продолжувањето од сезоната донесе одлично засилување.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„Пандевци“ вчера го официјализираа трансферот на Марјан Радески кој доаѓа од Шкендија.
25 годишниот Радески веднаш по потписот ќе му се приклучи на тимот во подготовките за новата сезона. За Радески ова е нов предизвик и после пет сезони поминати во Тетово се реши да ја промени средината.
Кариерата Радески ја почна во 11 Октомври од Прилеп, потоа премине во Металург во 2012 година, а во 2015 година направи трансфер во Шкендија каде што играше до оваа сезона. Радеси е и активен репрезентативец под водство на Игор Ангеловски, за Македонија собра 16 настап ии постигна еден гол.
