Дома Останати Кошарка Големо засилување: Аргентинец од НБА потпиша за Црвена Звезда

Големо засилување: Аргентинец од НБА потпиша за Црвена Звезда

Aргентинскиот плејмејкер Лука Вилдоз е ново засилување за српскиот шампион Црвена Звезда.

Репрезентативецот на Аргентина и поранешен бек на Басконија, Њујорк Никси и Милвоки потпиша двегодишен договор со црвено-белите. Вилдоз има 27 години, висок е 191 сантиметар.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кариерата ја започна во Килмес во Аргентина, но се афирмираше играјќи пет сезони во Басконија од Воторија. Најголемиот успех со клубот од Баскија го направи во 2020 година кога ја освои титулата шампион во Шпанија. За Никси не настапи, додека за Бакси собра седум настапи со симболична минутажа.

Со репрезентацијата на Аргентина една година претходно стигна до сребрениот медал на Светското првенство во Кина. Вилдоз е воедно и првиот Аргентинец во богатата историја на Звезда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Ирвинг и Дончиќ ги елиминираа Клиперси, Далас обезбеди полуфинале

Кошаркарите на Денвер обезбедија пласман во полуфиналето на Западната конференција во плеј…