Дома Трансфер зона Големата ѕвезда на Реал во Скопје го игра последниот натпревар

Големата ѕвезда на Реал во Скопје го игра последниот натпревар

Трансфер пазарот се уште е отворен, а од најголемите европски клубови секојдневно пристигнуваат информации за засилувања, работни места, купувања, продажби и преговори.

Вечерашниот натпревар во европскиот Суперкуп во кој Реал силите ќе ги одмери против Манчестер Јунајтед, би можел да биде последниот за големата ѕвезда на шампионот на Европа. Како што јавуваат бројни медиуми, Герет Бејл поради константни проблеми со повредите не е во најсериозните планови на тренерот Зинедин Зидан.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


А прв во редот за неговите услуги чека токму вечерашниот противник на шпанскиот гигант. Жозе Мурињо не крие дека во соблекувалната би сакал да го види брзиот Велшанец со топовски удар и токму од изгледот на првиот тим на Реал ќе зависат амбициите на Португалецот за доведување на уште едно големо засилување.

Мурињо имено потврди дека евентуално отфрлање на Велшалецот од почетниот состав ќе биде јасен знак за управата на Ѓаволите да тргнат во реализација на уште едно мегазасилување. А таков Манчестер сепак би бил силен за да ги нападне трофеите во сите натпреварувања.

Многу нешта ќе бидат појасни откако ќе бидат објавени составите за вечерашниот натпревар. Дали е време за несреќна разделба со Реал за 100 милиони евра?

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се откажал од Дејвис – има ново решение!

Алфонсо Дејвис долго време се најавува како засилување на Реал Мадрид, меѓутоа тој трансфе…