Дома Македонски спорт Голем успех: Калин Ивановски го освои првиот сениорски трофеј!

Голем успех: Калин Ивановски го освои првиот сениорски трофеј!

Македонскиот тенисер Калин Ивановски одигра одличен меч во финалето на турнирот во Тунис и го доби со 2-1 во сетови против Азиз Кијаметовиќ.

Кијаметовиќ го освои првиот сет со 6-4, но потоа македонскиот тенисер врати со иста мера (6-4) и израмни на 1-1.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако многумина очекуваа голема битка во последниот сет, сепак тоа не се случи затоа што Македонецот блескаше на теренот.

Ивановски немаше милост за ривалот од БиХ и ги искористи неговите грешки за да го освои последниот сет со 6-1 и така се закити со трофејот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Барселона сака да си го врати Олмо

Барселона е силно заинтересирана да го врати Дани Олмо во своите редови, пренесуваат шпанс…