Велшанецот со атрактивните ножички во финалето од Лигата на шампионите го воодушеви фудбалскиот свет.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Реал Мадрид славеше во финалето во Киев против Ливерпул со 3:1, а големи заслуги за победата на „кралевите“ има Герет Бејл.
Бејл во игра влезе во второто полувреме и за неколку минути по стапнувањето на теренот изведе спектакуларни ножички за предност од 2:1 на својот тим, а до крајот постигна и уште еден гол за конечни 3:1.
Коментаторите ширум светот целосно полудеа после неговите ножички во 64 минута, а како и не би било така кога оваа мајсторија веројатно е најубавиот гол во финалињата од Лигата на шампионите.
Во продолжение потсетете се на голот на Велшанецот и слушнете како неговиот гол го пренесуваа коментаторите ширум светот.