Дома Фудбал Го забележавте ли фер плеј потегот на Меси против Рајо? (ФОТО+ВИДЕО)

Го забележавте ли фер плеј потегот на Меси против Рајо? (ФОТО+ВИДЕО)

Барселона во викендот кој е зад нас го совлада Рајо Ваљекано со 3:1 во рамките од 27-то коло во Ла Лига.

Лионел Меси на овој натпревар дојде до својот 26-ти првенствен гол оваа сезона и тоа со удар од белата точка. Меѓутоа одличниот Аргентинец направи и потег за пофалба кој нема врска со неговата фудбалска уметност која никој не ја доведува во прашање.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Имено, Меси фудбалскиот свет го воодушеви со еден голем фер плеј потег.

Меси изгуби рамнотежа во казнетиот простор на Рајо и после малиот дуел со противничкиот играч падна на тревникот. Во таа ситуација неговите соиграчи сметаа дека има контакт доволен за најстрога казна.

 

Арбитрот побара помош од ВАР собата, но тогаш самиот Меси дојде до него и му кажа дека немало пенал и дека не паднал поради прекршок од противничкиот играч, туку само изгубил рамнотежа.

Оваа ситуација многумина не ја забележаа и подоцна се појавија видеа и фотографии на социјалните мрежи, но сигурно дека е потег за кој Меси заслужува аплаузи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Диего Форлан е главниот „виновник“ што секое соблекување на дрес се казнува со жолт картон 🎥

Познатиот уругвајски напаѓач Диего Форлан е главниот виновник што денес секое соблекување …