Дома Трансфер зона Германците тврдат: Решена е судбината на Бенџамин Павар!

Германците тврдат: Решена е судбината на Бенџамин Павар!

pavar

Очекувањата се Бенџамин Павар од наредната сезона ќе го носи дресот на Баерн Минхен, но германскиот гигант се обидуваше овој фудбалер да го доведе веќе ова лето.

Павар е човекот кој беше откритие на Мундијалот и го постигна голот кој беше избран за најубав во Русија.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Во овој момент тој е играч на Штудгарт, а неодмна сите германски медиуми тврдеа дека договорот е постигнат и дека тој ќе игра за Баерн Минхен и дека само прашање на време е кога.

Според последните информации Баерн го сака Павар уште во овој преоден рок, но Штудгарт за неговите услуги бара сума од 50 милиони евра, додека во неговиот договор има клазула која стапува на сила наредното лето и тогаш гигантот од Минхен може да го доведе за 35 милиони евра.

Засега тврдењата на „Билд“ се дека оваа сезона тој ќе остане во Штудгарт, па наредната ќе се пресели во Минхен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се откажал од Дејвис – има ново решение!

Алфонсо Дејвис долго време се најавува како засилување на Реал Мадрид, меѓутоа тој трансфе…