Дома Топ вести Герет Бејл е пред сензационален трансфер, но не во Премиер лигата

Герет Бејл е пред сензационален трансфер, но не во Премиер лигата

Од своето доаѓање во Реал Мадрид во 2013. година, Герет Бејл не имаше полоша сезона на „Сантиаго Бернабеу“, меѓутоа, изгледа дека тоа не влијаеше на пазарната цена.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Угледниот „Diario Gol“ од Шпанија пишува дека Велшанецот има „ѕверска“ понуда на неговата маса, а доаѓа од Париз, односно од „Паркот на Принцовите“ и екипата на ПСЖ.

„ПСЖ е заинтересирана за Герет Бејл, и има големи пари на располагање за неговиот трансфер. Доколку можат да понудат на Нејмар 180 или 190 милиони евра, можат и на Бејл“, вели извор близок до клубот.

Во ПСЖ наводно сметаат дека Бејл е еден од најпотенцијалните играчи во Реал Мадрид, и со нетрпение очекува да му каже „збогум“ на Флорентино Перез.

Oваа екипа воопшто не се грижи што Бејл во неколку наврати беше повреден минатата сезона. Поконкретно, од трансферот во Реал пред четири години, Бејл вкупно 249 дена беше повреден.

Само во претходната сезона прв пат се повреди во ноември, и не играше три месеци. Во март исто така се повреди и не се појави до Кардиф, односно до финалето во ЛШ оваа година.

Што ќе биде од целата приказна, ни останува да видиме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…