Дома Фудбал Англија Гвардиола ја откри клазулата на Де Брујн: Би ја платил ли некој?

Гвардиола ја откри клазулата на Де Брујн: Би ја платил ли некој?

Дали навистина вреди толку многу?

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола во интервјуто за шпанските медиуми зборуваше за повеќе теми, а откри и информација која им „избегала“ на англиските новинари.

Имено, Кевин Де Брујн во јануари потпишал нов договор со „граѓаните“ во кој постои огромна откупна клазула.

„Де Брујн е фантастичен, многу динамичен играч. Марсео Биелса ми кажа дека тој е неговиот омилен. Тој може се. Еден ден ги запознав неговите родители и сфатив каков всушност е Де Брујн. Неверојатно момче, жал ми е за останатите клубови, но неговата откупна клазула изнесува 250 милиони евра и тој не е на продажба“, изјави Гвардиола.

Ќе потсетиме, Де Брујн минатата година беше во конкуренција за играч на годината во Премиер лигата, но таа награда на крајот заврши кај Мохамед Салах од Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бразилец се онесвести кога дозна дека оди на Светско првенство (Видео)

Неверојатни сцени доаѓаат од Бразил кои на најдобар начин покажуваат колку е значајна фудб…