Дома Трансфер зона Гвардиола стави крај на трансфер сагата со Бернардо Силва

Гвардиола стави крај на трансфер сагата со Бернардо Силва

Заврши и уште една од летните трансфер-дилеми, Бернардо Силва дефинитивно летово не го напушта Манчестер Сити.

Се поврзуваше Силва со Барселона, потоа и со ПСЖ, меѓутоа донесена е одлука тој да остане во дресот на „граѓаните“. Информацијата за останувањето на Силва ја потврди стратегот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Бернардо Силва дефинитивно останува. Не сме имале разговор или телефонски повик од ниту еден клуб за него и тој ќе остане“, изјави Гвардиола.

Претходно се шпекулираше дека ПСЖ е спремен да понуди 80 милиони евра, но очигледно таква понуда на адреса во Манчестер никогаш не стигнала.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал и ПСЖ се „тепаат“ за големиот аргентински талент

Реал Мадрид и ПСЖ покажуваат сериозен интерес за големиот аргентински талент на Ривер Плат…