Дома Трансфер зона Гвардиола спреми 50 милиони за Турам

Гвардиола спреми 50 милиони за Турам

Манчестер Сити покажува сериозен интерес за играчот за врска на Ница, Кефрен Турам, пренесуваат англиските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


22-годишниот играч за врска игра фантастично, веќе дебитираше за француската репрезентација, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Гвардиола е во потрага по квалитетен играч за врска и сака да ја победи конкуренцијата и во јануари да го доведе на „Етихад“.

„Граѓаните“ веќе започнале преговори со неговиот агент и наскоро ќе испратат понуда од 50 милиони евра за неговиот потпис.

Кефрен е брат на напаѓачот на Интер, Маркос Турам и е спремен да направи чекор напред во кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…