Дома Фудбал Лига на шампиони Гвардиола: Скоро невозможно е триото на Ливерпул да биде запрено!

Гвардиола: Скоро невозможно е триото на Ливерпул да биде запрено!

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола во суперлативи зборуваше за напаѓачкото трио на Ливерпул кое според него е невозможно да биде запрено.

Салах е прв стрелец во Премиер лигата и има постигнато 37 гола во сите натпреварувања, но Садио Мане и Роберто Фирмињо исто така играат одлично оваа сезона.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во среда Манчестер Сити и Ливерпул ќе ги одмерат силите во Лигата на шампиони, а Гвардиоа стравува од нападот на „црвените“.

„Не е само Салах, туку и Мане и Фирмињо. Тројцата се скоро незадржливи, едноставно се фантастични. Играта на Ливерпул е тешка за нас бидејќи се многу брзи и добри. Ќе биде многу тешко. Меѓутоа ова е четвртфинале во ЛШ, па во оваа фаза нема лесни противници“, изјави Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Роналдо најплатен спортист, заработува двојно повеќе од Меси

Магазинот „Форбс“ ја објави листата на најплатени спортисти на која доминира Кристиано Рон…