Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола верува дека неговиот тим може да го стигне Ливерпул во трката за титулата во Премиер лигата.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Актуелниот шампион во неделата го претрпе вториот пораз во домашното првенство, бидејќи на свој терен загуби од Волвс со 2:0. Екипата на Гвардиола сега заостанува осум бода зад лидерот Ливерпул, кој славеше во сите осум натпревари. Тоа е најголемата разлика која постоеше помеѓу првиот и вториот тим на табелата по осум кола.
„Верувам дека моите момците можат се. Знам дека разликата во овој момент е голема. Од многу причини Ливерпул се уште не испушти бод. Но, не сакам да размислувам за тие осум бода. Сега е октомври, има уште многу пред нас“, изјави Пеп.
Минатата година Ливерпул имаше седум бода повеќе од Сити, но по 20 одиграни натпревари. „Црвените“ и „Граѓаните“ првиот натпревар оваа сезона ќе го одиграат на 10. ноември.