Дома Фудбал Англија Гвардиола: Ние не сме најдобар тим во лигата!

Гвардиола: Ние не сме најдобар тим во лигата!

Утре на програмата во Премиер лигата е големото дерби помеѓу Челзи и Манчестер Сити кое ќе се одигра на „Стенфорд Бриџ“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Граѓаните“ се лидери на табелата, имаат 10 бода повеќе од Челзи, а тренерот на „Сините“ Маурицио Сари изјави дека Манчестер Сити е најдобар тим во Европа.

„Му бладорам на Сари за комплиментот, но не сме најдобри. За да бидеме најдобри мора да ја освоиме титулата. Ние не сме освоиле доволно трофеи за да бидеме најдобар тим“, изјави Гвардиола.

„Она на што сум најмногу горд е фактот што во последните 15 месеци бевме константни секои три дена. Тоа е најважно. Цели 15 месеци играме на секои три дена и тоа е голема пофалба за играчите кои успеаа да бидат константни“, додаде каталонскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Перез најави „бомба“: Во вторник испраќам понуда од 150 милиони евра

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез соопшти дека Реал Мадрид следната недела ќе…