Дома Фудбал Англија Гвардиола купува уште еден голман

Гвардиола купува уште еден голман

Пеп Гвардиола очигледно сака неговиот Манчестер Сити да биде добро покриен на голманската позиција.

Манчестер Сити минатото лето го продаде талентираниот чувар на мрежата Ангус Гун за 13.5 милиони фунти, но Граѓаните останаа добро покриени.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На Етихад моментално се Едерсон, Клаудио Браво и Муриќ. Браво е повреден, но Едерсон и Муриќ се сосема доволни за Сити.

Сепак, тоа не ги спречи Граѓаните и Гвардиола да договорат нов чувар на мрежата.

Како што пренесуваат британските медиуми, Сити го договори трансферот на 23-годишниот Американец, Зак Стефен, инаку голман на Колумбус Крев.

Наводно, овој трансфер ќе се реализира во јануари, а Сити за овој чувар на мрежата ќе плати 7.5 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…