Лерој Сане е на излезна врата и кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Баерн Минхен, па Гвардиола веќе ја започна потрагата по негов наследник.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Како што пренесуваат англиските медиуми, Гвардиола како засилување на таа позиција сака да ја донесе младата ѕвезда на Барнли, Мек Нил.
20-годишниот Англичанец оваа сезона се етаблираше како голем потенцијал и на 33 меча постигна 2 гола и запиша шест асистенции.
Крилниот напаѓач ја помина академијата на Манчестер Јунајтед, а од 2014 година се пресели во Барнли.
Неговата цена во моментов изнесува околу 20 милиони евра, сума која „граѓаните“ се спремни да ја платат.